
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Талентираната Ана Марија Радевска (15) , ликовна уметница од Битола, ја освои првата награда на Националниот ликовен конкурс по повод 30 години Педагошки факултет Битола.
Награден цртеж
По повод 30 години од постоењето на Педагошкиот факултет, се одржа национален ликовен конкурс на тема „Учителот“, на кој учествуваа голем број ученици и училишта од цела Македонија.
На конкурсот беа претставени бројни креативни цртежи поделени во неколку категории – од прво до петто одделение, од петто до деветто, средно и високо образование.
Во силната конкуренција на средните училишта од целата држава, Ана Марија Радевска го освои првото место, покажувајќи извонреден талент, оригиналност и посебен пристап кон темата.
Организаторите истакнаа дека целта на конкурсот е да се поттикнат младите на креативно изразување и да се оддаде почит на сите наставници кои со својата посветеност ги инспирираат идните генерации.
Инаку младата уметница Ана Марија Радевска е добро позната на битолкста јавноста со своите искучителна надареност да црта икони, таа го привлекува вниманието со стилот на изработка не само на икони туку воопшто и на цртежи со впечатливи мотиви и умешна комбинација на бои.
Од доделувањето на наградата