2win800x200

Уапсени двајца битолчани уловиле две срни

Септември 29, 2025

Лишени од слобода двајца битолчани за „незаконит лов“, во нивното возило се пронајдени две уловени срни

 
На 28.09.2025 околу 10:30 часот на крстосница за с.Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола. При преглед во возилото „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, поседувале дозвола за лов, како и две уловени срни за кои не поседувале дозвола за лов. 
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани