
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гнасотии и вулгарности упати извесен Илија Мирчески на Фејсбук коментар до локалниот битолски медиум Апла.мк, откако порталот објави дека брендирано камионче со фотографии од кандидатката за градоначалник на Битола Габриела Илиевска е паркирано погрешно на пешачка патека и дел на коловозот. https://apla.mk/denes/item/17128-brendirano-vozilo-na-kandidat-za-gradonachalnik-na-bitola-parkirano-na-peshachka-pateka? По ова Мирчески кој на профилот остава впечаток дека е поддржувач на независната листа "Поинаку" и на Илиевска, упатува вулгарности и крајно недоличен коментар кон интернет медиумот Апла. Мк. Медиумот ќе го извести ЗНМ и набљудувачите на ОБСЕ за ситуацијата