
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Спомен куќата на народниот херој Стеван Наумов Стив започна снимањето на документарниот филм посветен на овој наш битолчанец кој храбро загина за слободата на Македонија во 1942 година. Филмот е во режија на Шенол Мемиш, а снимател и монтажер е Дејан Младеновиќ. Премиерно ќе биде прикажан на 5 Ноември во Кино Манаки во Битола.. Во филмот, кој ќе се снима на неколку локации, за животот и делото на Стеван Наумов Стив раскажува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков.
Проектот е помогнат од Општина Битола, како и од други помагатели. Ова е трет филм на двоецот Мемиш - Младеновиќ, по документарниот филм посветен на новинарот Димче Миновски и “80 Години слободна Битола”