80 години ФК Пелистер!
Денес во Општина Битола остваривме прием со највисоките претставници на ФК Динамо Букурешт – Андреј Николеску (претседател), Козмин Михалеску (спортски директор), Богдан Алеку (директор за комуникации) и Костир Шолц (претставник на клубот), објави градоначалникот Тони Коњановски.

Во пријателска и спортска атмосфера разменивме специјални дресови по повод 80 години од основањето на Пелистер.
На гостите од Романија им посакав пријатен престој во нашиот град, натпревар за уживање и многу успеси во нивниот шампионат.
Како дел од роденденската прослава, попладнево следуваат Свечена академија, пријателски натпревар, објави Коњановски