ОПШТИНА БИТОЛА ВЛОЖУВА ВО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“
Во изминатиот период, Општина Битола реализира значајни инфраструктурни проекти во СОУ „Таки Даскало“, со цел создавање современи услови за работа и поквалитетно реализирање на наставата.
Реконструирани се спортските терени и училишниот двор, поставени се нови подови во сите училници, извршена е санација на внатрешните скалила и уредување на паркинг просторот со бехатон плочки и електронска рампа.
Училиштето доби нов мебел, училишни табли, информатичка и видео опрема.
Во рамките на енергетската ефикасност, на покривот е поставена фотоволтаична централа со јачина од 40 KW, која целосно ги задоволува потребите на училиштето за електрична енергија.
Реализиран е и проект за замена на сите дотраени врати, а во зградата Блок Б комплетно е реконструирана електричната инсталација.
Со овие инвестиции, општината создава современи услови за настава и работа, потврдувајќи дека вложувањето во образованието останува еден од нашите врвни приоритети.