2win800x200

Мисијата на ОБСЕ во зајакнување на соработката меѓу полицијата, општината и ромската заедница

Ноември 17, 2025

ПРОДОЛЖУВА ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ ПОЛИЦИЈАТА, ОПШТИНАТА И РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО БИТОЛА

 
Во Битола се одржа нова средба во рамките на двегодишната иницијатива што Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја спроведува за зајакнување на соработката меѓу полицијата, општината и ромската заедница. Настанот претставува уште една важна алка во континуираните напори за градење доверба, дијалог и институционална координација. 
 1000009205
Средбата опфати дискусии за два клучни предизвици – малолетничките бракови и домашното насилство – проблеми кои се во фокусот на повеќе активности спроведени во текот на 2024 и 2025 година. Учесниците ги разгледаа најновите сознанија од работилниците и теренските активности во рамките на иницијативата „НЕ за малолетнички бракови“, спроведувана со поддршка на СВР Битола и здружението „Сумнал“. Втората тема се однесуваше на домашното насилство и проблематиката на малолетничките бракови. Вториот дел од состанокот беше посветен на прашањата од областа на безбедноста на заедницата, односно негувањето на односите полиција-општина-заедница. 
 
Градоначалникот Тони Коњановски се заблагодари за силната поддршка и успешната соработка со Мисијата на ОБСЕ и посочи дека активностите придонеле за значајно унапредување на односите меѓу институциите и ромската заедница.
 
„Мисијата на ОБСЕ во Скопје во изминатата година организираше повеќе настани кои ги обединија претставниците на ромската заедница и полициските службеници со цел да се изгради меѓусебно разбирање. Европската унија го поздрави формирањето на работната група во Битола, што значително придонесе за унапредување на односите и инклузијата. Како општина, горди сме што активно работиме на десегрегација во образованието и создавање еднакви можности за сите деца,“ истакна Коњановски.
 
Мисијата на ОБСЕ ја потврди подготвеноста да продолжи да ја поддржува Битола преку интервенции со брз ефект и стратешки активности.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани