2win800x200

Битола одбележува 81 година од формирањето на Првата егејска македонска бригада

Ноември 18, 2025

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАНА 81 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПРВАТА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

 
Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости.
 
Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола.
 
Првата егејска македонска ударна бригада, формирана за време на Втората светска војна, беше расформирана на 2 април 1945 година, при што боречкиот состав беше распореден во други единици. Голем дел од борците подоцна се вратија во Егејскиот дел на Македонија, каде што ги формираа првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ). Подоцна тие станаа дел од единиците на Демократската армија на Грција, повторно покажувајќи исклучителна посветеност и пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани