2win800x200

Битола пие чиста вода исклучиво од Стрежевското Езеро, интензивните врнежи дожд ги заматија водотеците

Ноември 19, 2025

Намален е притисокот на водата во водоснабдувањето во Битола поради интензивните врнежи од дожд кои ги заматија водотеците на Пелистер. Вода моментално се користи исклучиво од Стрежевското Езеро.  

 

„Битола пие чиста вода од Стрежевското Езеро. Притисокот во чешмите е намален бидејќи ноќеска имаше прекин на струјата во пумпна станица и на филтерница. Бидејќи од планина се слева матна вода со органски материи, ЈП Водовод ја користи само стрежевската вода со капацитет од 500 литри во секунда“, изјави за АПЛА, Андреј Гинов директор на ЈП Водовод Битола.

По обилните врнежи, екипите на „Водовод Битола“ интервенираат со механизација и работници на критичните точки во с.Карамани и с.Лажец за навремено справување со последиците.
Состојбата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно.
586450273 1168998675368566 5286963324758602993 n
584598335 1168998562035244 1570361412547797129 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани