2win800x200

Kоординативен состанок на Кризниот штаб во Општина Битола поради можни последици од дождот

Ноември 19, 2025
Во Општина Битола се одржа координативен состанок на Кризниот штаб, со
кој претседаваше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски.
На состанокот беа присутни директорите на јавните претпријатија,
претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС и СВР, како и
компании и градежни претпријатија кои, во рамките на својата општествена
одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен.
Секој од учесниците презеде конкретни обврски за следење на состојбата,
со максимална подготвеност за интервенција со соодветна механизација. 585562858 873363548379861 2563861127657573219 n

  Како дел од превентивните мерки и со цел заштита од можни последици од
дождовите, се спроведува интервенција на пропустот на Ротинска Река на 
стариот пат за Цапари. Поради изведбата, овој дел од патот ќе биде
привремено затворен за сообраќај. 585703608 873363908379825 7806624318537222447 n

  Се интервенира и се следи состојбата во повеќе населени места и
локации: Карамани, Лажец, Лера, Меџитлија, браната Стрежево, Породин,
Долно Оризари и Жабени. Во тек се и превентивни активности на патот кон
хотелот Молика на Пелистер, над Детското одморалиште.

  Дежурните служби остануваат активни и работата на терен ќе продолжи
непречено во текот на денот и вечерните часови.
584964057 873363598379856 5627657194960814401 n
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани