2win800x200

Забрзана изградбата на автопатот Прилеп – Битола: Николоски најави завршување до 2028 година

Ноември 20, 2025

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува со силно темпо и се реализира согласно утврдената динамика, информира министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека проектот претставува еден од клучните инфраструктурни приоритети на државата и дека градежните активности се одвиваат без застој.

„Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот – автопатот ќе биде завршен до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, порача Николоски, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе донесе значајни економски придобивки за целиот Пелагониски регион.

Автопатот, кој ќе ги поврзе двата најголеми града во Пелагонија, ќе обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, а очекувањата се дека неговата изградба ќе поттикне инвестициски развој и мобилност на населението.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализацијата на приоритетните патни коридори и на модернизацијата на државната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за граѓаните и стопанството.

„Ја градиме Македонија“, порача министерот Николоски, најавувајќи дека темпото на изградба ќе продолжи и во наредните месеци.

Видеото може да го погледнете тука

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани