2win800x200

На барање на Филипче, целото раководството на СДСМ поднесе оставка вклучително и Методија Илиевски

Декември 03, 2025
На барање на претседателот Венко Филипче на вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, целото раководство и членовите на Извршниот одбор на партијата поднесоа оставки. Од денеска дел од раководните структури нема да бидат заменик претседателката Фани Каранфилова-Пановска, потпретседателите Каја Шукова, Кристина Костова, Методија Илиевски и Ана Чупеска и генералниот секретар Александар Димитриевиќ.
Како што информираат од опозициската партија, оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.

„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. 
Следува период на кадровско освежување и зајакнување,вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ“, се вели во соопштението од партијата.
Од СДСМ најавуваат дека на една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата, а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности, објави МЕТА. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани