2win800x200

Саем за волонтерство во Битола

Декември 03, 2025

Битола ќе биде домаќин на саем за волонтерство. Настан ќе се одржи на 5.12.2025 (петок) во Младинскиот Центар Битола, во периодот од 10 до 16 часот. Настанот е наменет за промовирање на волонтерството, поттикнување на активното учество и истакнување на значајните волонтерски придонеси во нашата заедница.

Програмата ќе опфати саем на волонтерство, на кој младите и сите заинтересирани ќе може да се запознаат со локални организации, институции и иницијативи што нудат можности за волонтирање во различни области: екологија, спорт, култура, образование, младинско учество, хуманитарни активности и социјална инклузија.

Во рамките на настанот ќе се одржи и специјална панел-дискусија посветена на значењето на волонтерството и неговата улога во личниот развој на младите и во напредокот на заедницата. Панелистите ќе споделат инспиративни искуства, успешни приказни и практични совети за вклучување во волонтерски иницијативи.

Кулминацијата на денот ќе биде свечената церемонија за доделување на награди за волонтерски достигнувања за 2025 година. Наградите ќе бидат доделени од Локалниот совет за волонтерство, кој има значајна улога во препознавање и вреднување на волонтерскиот придонес во нашата заедница. Признанија ќе им бидат врачени на најистакнатите волонтери и организации за нивната посветеност, работа и позитивно влијание.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани