2win800x200

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО во 2025 година на волонтерската иницијатива SUPPORT KOCANI

Декември 03, 2025
По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен
центар Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови
Национални волонтерски награди. По јубилеен 20-ти пат, целта е оддавање на јавно
признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на
други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на
волонтерските активности.
thumbnail
 
Оваа година доделуваме 1 златен сертификат за волонтерство:
 
ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2025 ГОДИНА на
волонтерската иницијатива
SUPPORT KOCANI (САПОРТ КОЧАНИ)
 
Зошто?
 
Иницијативата Support Kocani, активирана веднаш по трагичниот настан што го погоди
Кочани и кој ја потресе целата држава и пошироко, ја водат посветени волонтери.
Нивниот несебичен придонес за помош на семејствата на загинатите и повредените во
време на болка и тага, ја покажува силата на волонтерството кое во својата суштина
има помагање во заедницата, солидарноста и мобилизација на ресурси за самопомош.
 
Support Kocani е интернет кампања која обединува повеќе организации, физички и
правни лица кои имаат извршено донација на трансакциските сметки на повредените и
роднини на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани која се случи на
16 март 2025 година или на било каков друг начин со свој личен придонес помагаат во
реализација на давање помош.
 
„Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата
зборуваат многу погласно од зборови, а ние не застануваме – продолжуваме посветено
и одговорно, сè додека постои потреба и сè додека има луѓе што веруваат во
хуманоста. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред.
 
Речиси 8 месеци, ние како волонтери, не престануваме со нашата мисија, и остануваме
да се бориме и да стоиме покрај секој еден од засегнатите, како и од самиот почеток.
 
Нашата главна цел никогаш не беа бројките, туку луѓето. И тоа ќе остане така. Затоа и
ќе продолжиме да помагаме на оние што се борат и оние што тивко болат.“ велат
волонтерите од Support Kocani.
 
Честитки до добитниците на наградата и нека е честит празникот на сите
волонтери во светот – 5 декември!, порачуваат од 
 
Младински културен центар – Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани