2win800x200

На Пелистер се одржа манифестацијата „Вкусот на Пелистер“

Декември 22, 2025

Куќа имам на Пелистер! - Неколку илјади битолчани, прилепчани, ресенчани и од другите околни општини присуствуваат на настанот "Вкусот на Пелистер".

Над триесет локални производители на храна и пијалоци на посебно уредени штандови во дворот на Инфо центар на ЈУНП „Пелистер“, презентираа македонски специјалитети и дел од традиционалната македонска кујна, како потврда за економскиот потенцијал на градот 

"Вкусот на Пелистер под мотото Куќа имам на Пелистер, ЈУ Национален парк Пелистер со поддршка на општина Битола оваа година по втор пат го организираат овој настан кој има за цел да ја обедини и промовира севкупната туристичка понуда на поширокиот регион на едно место. Оваа година имаме 30тина учесници меѓу кои локални угостители, хотели, локални произведувачи на храна и пијалоци, и други правни лица кои нудат алтернативна туристичка понуда", изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски.

603893847 122237721332259362 4097133721269597797 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани