2win800x200

Советникот на НСДП Драги Крстев бара отворање на народна кујна во Битола, Марина Крстиќ од ВМРО-ДПМНЕ возврати дека Битола има народна кујна години наназад

Декември 29, 2025

Отворање на народна кујна во Битола, побара советникот на НСДП Драги Крстев коментирајќи ја програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година.

-Предложив амандман за отворање народна кујна за обезбедување топол оброк за  социјално загрозените лица. Во Битоола постои значител број на домаќинства со ниски приходи, самостојни стари лица, хронично болни, лица во социјален ризик...категории на граѓани кои имаат ограничен пристап до квалитетна и топла исхрана. Предлагаме општината да отвори една народна кујна која ќе обезбеди 120 до 300 бесплатни оброци дневно во зависност од капацитетот. Ова се прави во континуитет преку целата година и да општината да овозможи партнерство со локални фирми и невладини организации...  Со отворањето на народната кујна ќе се намали гладот и неухранетоста кај социјално загрозените лица и ранливите категории на граѓани. Овој амандман би бил со финансиска конструкција од 4,5 до 5 милиони денари, рече  Крстев на советничката говорница. Амандманот не беше прифатен. 

 

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марина Крстиќ на предлогот возврати дека во Битола веќе има народна кујна. 

„Во Битола постои народна кујна години нанзад, функционира преку Центарот за социјална работа. Има неколку пунктови каде што се дели храна за лицата од социјалните категории, така што корисниците добиваат топли обрози и храна за викендите“, рече Крстиќ.  

 

 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани