Советничката Наташа Марковска од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ по денешнопто гласање на Советот на Општина Битола за точката поврзана со дезинформациите за изградба на мигрантски кампови во Битола објави дека СДСМ и Поинаку не гласаа против изградбата на мигрантски кампови.
„СДСМ И ПОИНАКУ НЕ ГЛАСАА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА МИГРАНТСКИ КАМПОВИ "
БИТОЛЧАНИ, ВИДЕТЕ ГО ОВА ЛИЦЕМЕРИЕ: СДС И „ПОИНАКУ“ ФАТЕНИ ВО ЖИВА ЛАГА!

Маските дефинитивно паднаа во Советот на Општина Битола! СДС и нивните партнери од „Поинаку“ уште еднаш покажаа дека Битола им е само алатка за политички сплетки, а не град за кој искрено се грижат.
Што направија овојпат?
КРЕВАА
ПАНИКА: Глумеа „спасители“ на Битола , бараа ВОНРЕДНА СЕДНИЦА за мигрантите. Сакаа да ја прикажат Битола како небезбеден град и да ги исплашат битолските семејства.
БЕГААТ ОД ОДГОВОРНОСТ: Кога дојде моментот да ги изгласаме заклучоците со кои јасно се осудуваат ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ и со кои се става крај на манипулациите со мигрантите – СДС и „Поинаку“ НЕ ГЛАСАА!, напиша Марковска.