2win800x200

Кузмановски од ЛДП праша, Коњановски одговори - Во Битола ќе се градат нови велосипедски патеки на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола

Декември 29, 2025

 

Нови велосипедски патеки и реконструкција на тротарите ќе се градат на улицата „Филип Втори Македонски“ или поранешна „Иван Милутиновиќ“ во Битола, потврди градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет откако беше поставено прашање од советникот на ЛДП Димитар Кузмановски - „Зошто во овој буџет во ставката велосипедски патеки има нула денари?.“

-Велосипедски патеки ќе продолжиме да градиме, ги направивме првите 5,5 километри и продолжуваме. Се подготвува проектна документација за улицата „Иван Милутиновиќ“ , ќе се прави реконструкција на тротоарите со велосипедски патеки. Така што од влезот на Битола до центарот на градот ќе може се оди по тие патеки, рече Коњановски.   

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани