Битолскиот славеј со кадифен глас Сефедин Бајрамов најавува концерт на 12 февруари во големата сала на Центарот за култура во Битола

Декември 29, 2025

Битолскиот славеј со кадифен глас Сефедин Бајрамов најавува концерт насловен „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола.

- Ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме концертот на Сефедин Бајрамов со наслов „Прстен за неа“ кој ќе се одржи на 12 февруари 2026 година во големата сала на Центарот за култура во Битола..
Сефедин Бајрамов - битолскиот славеј со кадифен глас, во придружба на Камерниот оркестар на Битола, ќе ни подари серанади кои дишат со емоции, љубов, вино и убавини.
Центарот за култура - културното срце на Битола, Ви ги честита новогодишните празници и со желби за здравје, љубов и нови успеси Ви подготвува во новата година уметнички доживувања со врвен квалитет и вистински вредности, објави Центарот за култура Битола.
604882966 1288096023350594 5285488099331784166 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани