2win800x200

Битола утрово со температура од минус 8 степени

Декември 30, 2025

Битола утрово во 6 часот се разбуди на температура од минус 8 степени Целзиусови. Денес најстудено беше во Берово минус 9, во Битола, Струмица и Скопје минус 8 степени, Прилеп, Штип, Тетово и Велес минус 7 степени.

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

Можно е да е слика од текст кој вели „Ден Среда (31.12) Четврток врток (01.01) Време Петок (02.01) Ветер Сабота (03.01) Недела (04.01) Мин.тем. (℃ -10 до -2 -12до-2 -12 до Мак.тем. (℃) до -11 до -11до-3 -3 до -1до7 7 до -9до-2 -2 0до9 0 до -6до2 до 2 до 12 6 до 14“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани