2win800x200

Од маглата си ги гледав само моите гузерици- Загубениот планинар Милан од Прилеп раскажува како поминал вчера на Пелистер

Јануари 04, 2026

Планинарот од Прилеп Милан Јаковоски кој вчера се изгуби на Пелистер, а потоа сам се симна во Ниже Поле објаснува низ што поминал на планина.  Почитувани пријатели, поради информациите кои се споделуваат денес со мене поврзани со планинарската тура на Пелистер еве неколку информации и од мене.

Турата започна како секоја зимска тура но во малку полоши и поекстремни услови.  Група планинари тргнавме од Инфоцентар по патека Широка или изгорениот дом Ловечка. По кратка пауза на Ловечка се упативме кон врвот. На местото Седло временските услови се влошија настана многу густа магла (скоро никаква видливост) и ветер од 120км на час.
Двајцата планинари кои одеа пред мене ги изгубив од видик и пробав сам да продолжам неможејќи да ги најдам маркациите останав околу 15 минути во место и тогаш одлучив телефонски да му се јавам на група планинари кој со ратрак се спуштаја од врвот. При телефонскиот разговор од силниот ветер телефонот ми одлета како лист од рака, се обидов да го стигнам, но не успеав. Во тој момент останав без никаква комуникација со останатите, а се одалечив од местото. По кратко рамислување во многу сурови временски услови решив да се вратам, но за жал не можев да видам никаква маркација бидејќи си ги гледав само моите гузерици и ништо подалеку. Знаејќи дека не можам долго да останам на едно место со Господ напред и мала претпоставка на ориентација кај сум,  почнав да се спуштам со цел да најдам било која патека до долу. Му благодарам на Господ што ме чуваше и на мојата добра физичка и психичка подготврност но и на соодветната опрема која ја носев безбедно се вратив во село Ниже Поле каде побарав телефон и ги информирав најпрво домашните, а потоа и сите останати дека сум добро. Сакам да се заблагодарам до сите екипи како: Национален Парк Пелистер, Спасувачката служба, останатите институции и пријателите како и човекот во селото од каде телефонирав што напорно во тие 3, 4 часа ме барале и се загрижиле по мојот живот. Ова е само уште една лекција за мене колку е голема и моќна планината и колку треба да се почитува. Поздрав, до следната слика од планина, пишува планинарот Милан Јаковоски инаку професор по географија во Прилеп.   Текст А. Блажевска
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани