2win800x200

Мицкоски во Битола на промоција на дел од опремата за управување со отпадот

Јануари 05, 2026

Денеска  во 13:00 часот во Битола, на паркингот на спортската сала Боро Чурлевски, претседателот на Владата на Р.С Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Оваа опрема е сегмент од придонесот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери во унапредувањето на системот за управување со отпад, соопштија од прес службата на Владата.

Со возилата, контејнерите и кантите зa ѓубре кои Владата преку МЖСПП ги доделува на јавните комунални претпријатија во овие општини ќе се олесни, ќе се подобри работата на ЈК претпријатија во овие општини. Владата во соработка со локалните самоуправи во идниов период ќе придонесе за подобрување на хигиената и зачувување на животната средина.

- Исто така се овозможува значително зголемување на покриеноста со услуга за собирање на отпад во урбани и рурални средини,

- намалување на дивите депонии и неформалното исфрлање на отпадот,

- подобри услови за селекција и подготовка за рециклирање (две бои на садови за собирање на отпад, односно жолта боја за сува фракција и зелена боја за мократа (органска фракцција)),

- подготовка на системот за целосно функционирање на идната регионална депонија во Новаци односно центар за управување со отпад како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар, соопштија од прес службата на Владата.


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани