2win800x200

Вонредна информација за состојбата по обилните врнежи - во Кичево се евакуираат жители од станбени објекти

Јануари 07, 2026
фото Цук фото Цук
Центарот за управување со кризи известува за вонредна информација за состојбата по обилните врнежи во државата (до 17:00 часот)
 
Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Северна Македонија е стабилна, без нарушување на редовната состојба.
Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово – нема излевање на реки, ниту евидентирани последици од врнежите. Надлежните општински служби ја следат состојбата.
Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Штип – не се пријавени поплави или одрони, состојбата е стабилна и под контрола.
Охрид – пријавени се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации. За состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пристигнатите пријави.
Кичево – евидентирани се поплави на повеќе стамбени објекти на ул. „Прилепска“. Во тек е евакуација на жители, а на терен се екипи на Општина Кичево, ДЗС, Црвен крст, ЈКП „Комуналец“ и други надлежни служби.
Струга – по пријава преку бројот за итни повици 112, евидентиран е поголем одрон на патниот правец с. Татеши – с. Мислодежда. За состојбата е известено ЈП „Македонија пат“ и се преземаат активности за санација.
Тетово и Гостивар – регистрирани се одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања. По пријави преку 112, евидентирани се излевања на реката Вардар во с. Балин Дол, Лукавичка Река во с. Мало Турчане и Сушичка Река во с. Горно Бањице. Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови. За состојбата се известени Општина Гостивар, ДЗС, ЈКП „Комуналец“, ПС Гостивар, како и ХЕЦ Маврово, каде е преземено намалување на производството на електрична енергија.
Општина Боговиње – поради излевање на вода надвор од постоечки канали, поплавено е обработливо земјиште. Директорот на ЈКП „Шари“ е на терен и координира активности со надлежните институции.
Битола и Ресен – одрон кај с. Сирхан е саниран. Во с. Дрмени поплавени се два двора, за што се известени Општина Ресен и ДЗС Ресен.
Врнежите продолжуваат, а состојбата на теренот и водостоите на реките се следат континуирано од надлежните институции.
poplavi 07.01.2026 2
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани