2win800x200

Градоначалникот Коњановски во поплавените подрачја во Битолско - екипите работат на санирање на состојбите

Јануари 07, 2026
НА ТЕРЕН, ЕКИПИТЕ РАБОТАТ НА САНИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА Градоначалникот Тони Коњановски објави дека екипите на јавните претпријатија се на терен и се работи на санирање на состојбите. 
По обилните врнежи од дожд кои деновиве, а особено попладневно го зафатија и битолскиот регион дојде до поплавуавње на дел од селото Кравари од каналската мрежа. На лице место сум со директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, каде на лице место ја следиме состојбата.
Битолски „Водовод“ во Кравари интервенира со механизација, а станува збор за проблем со каналската мрежа која не може да ја прими големата количина на вода. Заради ова екипите на „Водовод“ работат на лоцирање на најкритичните точки, со цел што поскоро санирање на состојбата.
Се сретнав и разговарав со жители од ова населено место и заеднички се обидуваме што поскоро да ја ставиме состојбата под контрола.
Во интервенцијата се приклучија и екипи со механизацијата од водостопанското претпријатие „Битолско Поле“.
Остануваме на терен до санирање на состојбата.
 
611846583 923579620186996 316711809381259990 n
611785275 923579636853661 4489308590465291168 n
612344532 923579680186990 7068158270610134148 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани