2win800x200

Од 10 часот почна 48-часовно затворање на граничниот премин Ники-Меџитлија поради протести на грчките земјоделци

Јануари 08, 2026
Меџитлија Меџитлија

Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники (Меџитлија) кон нашата земја, а еден час подоцна и Евзони (Богородица), во рамките на 48-часовната блокада, односно денеска и утре да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини – јави дописничката на МИА од Атина.

На Евзони, паркираните трактори од 1 декември, на кои вчера им се придружија и од четири други околни места, според последните информации на МИА, се очекува почнувајќи од 12 часот по локално време да го блокираат сообраќајот за сите возила, за влез и излез од Грција кон нашата земја, а засега не е познато колку ќе трае блокадата, со оглед на тоа што земјоделците, одлуките ги носат на лице место и во последен момент.

Слична е ситуацијата и на Меџитлија, каде што блокадата ќе започне еден час порано и ќе се однесува на камиони, автомобили и автобуси, но според АНА-МПА, земјоделците периодично ќе отвораат за сообраќај.

Единствено на граничниот премин Дојран сообраќајот се одвива непречено, со оглед на тоа што таму не се поставени блокади.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани