2win800x200

Битолчани уживаат на ски терените на Стрежево во Нижеполе

Јануари 09, 2026

На ски терените на Стрежево кај Нижеполе, денеска имаше посетители кои уживаа во убавината на планинските предели.

 
Како што веќе беше објавено Општина Битола и меѓуопштинското јавно претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина. 
 
По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината пиејќи топол чај.
 
Ски центарот „Стрежево“ за сите деца обезбедува бесплатен чај.
 
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
 
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот. FB IMG 1767958130905
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани