2win800x200

Хуман гест за пофалба - Тројца физиотерапевти со бесплатна физиотерапија за штитениците на старскиот дом "Сју Рајдер" Битола

Јануари 10, 2026

Хуманиот гест од страна на физиотерапевтите од Битола продолжува и оваа година. Познатите физиотерапевти Илија Жежов, Филип Кипровски и Симона Велјановска и годинава ќе обезбедуваат бесплатна физикална терапија за лицата сместени во Домот „Сју Рајдер“ во Битола.

Како што истакнуваат тројцата физиотерапевти, нивната цел е да им помогнат на корисниците на домот и да придонесат кон подобрување на нивната здравствена состојба и квалитетот на секојдневното функционирање.

Тие изразија голема благодарност за соработката и довербата, упатувајќи благодарност до поранешната директорка на домот и сегашна заменик-градоначалничка на Општина Битола, Марина Крстиќ, како и до актуелната директорка на Домот „Сју Рајдер“, Татјана Галовска.

„Раката што дава никогаш не се суши“, порачуваат Илија Жежов, Филип Кипровски и Симона Велјановска, потенцирајќи дека хуманоста и солидарноста треба да бидат дел од секојдневието.

Илија Жежов и Филип Кипровски и во минатото често реализирале вакви хуманитарни активности, а од оваа година во оваа благородна иницијатива активно се вклучува и нивната колешка Симона Велјановска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани