2win800x200

Ретроспективна изложба на Методија Ивановски - Менде /1929-1995/ во родната Битола

Јануари 11, 2026
Полвековна творечка Ретроспектива на обемното сликарско дело на Методија Ивановски - Менде /1929 -1995/ е претставена во Галеријата ,,Ранко Струмениковски" во Битола.
Посетителите можат да проследат шеесетина вредни, оригинални експонати, цртежи, слики и сценографски скици, почнувајќи од 1946 година па се до смртта на битолчанецот Менде Ивановски.
Во богато илустрираниот каталог кој по повод свеченото отворање на Ретроспективна изложба беше отпечатен, а во кој беа поместени текстови и осврти за оваа значајна и несекојдневна изложба, авторите ќе истакнат дека Методија Ивановски - Менде е еден од позначајните претставници на Македонското повоено современо сликарство инаку член на респектабилната сликарска
група од Битола - ВДИСТ.
 
 
Во својот осврт за разновидната, богата и повеќеслојна поставка на Менде Ивановски, галеристот и организатор на оваа несекојдневна изложба, д-р Драган Ристевски ќе истакне дека иако Ивановски своето јавно претставување го има во 1952 година во родната Битола, во актуелната изложба се изложени дела, цртежи од неговите средношколски денови во Уметничката школа во Скопје уште од 1946 година кои имаат високи уметнички стојности но и своевидна историска тежина.
Историчарот на уметност, кустосот советник Владо Ѓорески во каталогот ќе нагласи дека ликовниот пат на Методија Ивановски - Менде е цврст, непоколеблив и бескомпромисен, без разновидни стилски претумбации и екстравагантности. Сликарството на Менде Ивановски не го има добиено вистинското свое место. Неговата трајност, важност, длабоко понирање и воздигнување со остатоците на сите наши изгубени, исчезнати, уништени, украдени животни артефакти како ликовни траги, лузни, можеби ќе бидат во скорешна иднина, антологиските остатоци на еден народ кој доброволно ќе исчезне во својата цивилизациска амнезија одбирајќи го своето дефинитивно ништо.
Накратко, ретроспективната изложба на Методија Ивановски - Менде заслужува особено внимание од страна на љубителите на ликовната уметност затоа што не враќа осум децении назад па со една богата хронолошки дисциплинирана ликовна и сценско-сценографска активност во Македонската телевизија, каде го реализира својот работен век нашиот Менде, тој успеа да заземе значајно место во плејадата современи македонски сликарски корифеи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани