2win800x200

Со гаранција од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор, дознава Телма

Јануари 22, 2026

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, дознава Телма. Неофицијално гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот куќа со двор во Битола и три стана исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“, како движен имот и тоа возила – 25 булдожери и камиони, сопственост на „Марковски компани“.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот и на Марковски привремено му е одземен пасошот. Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и велат дека дале и приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот суд, бидејќи сметале дека Апелација треба да одлучува. Линк од текстот https://telma.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани