2win800x200

Културата во Битола како развоен потенцијал за културен туризам и локален економски раст

Јануари 23, 2026
Програмата за култура на Општина Битола за годинава беше дискутирана на
тркалезната маса која беше организирана со цел запознавање на јавноста
со оваа програма која, како што беше речено ќе донесе освежување на
културната понуда во 2026.
 
Во своето обраќање градоначалникот Тони Коњановски рече дека Општина
Битола, препознавајќи го своето богато културно наследство и креативен
потенцијал, ја презема одговорноста да ја поттикнува, поддржува и
развива културната сцена.
 
10 средба култура
„ Локалната самоуправа, преку своите сектори, општинските и националните
културни установи и здруженијата на граѓани, е во непосреден контакт со
граѓаните. Програма за култура на Општина Битола има цел да го направи
културниот живот во Општината побогат, поразновиден, подинамичен и
поквалитетен. Истовремено, културата се третира како развоен потенцијал
за културен туризам и локален економски раст“ рече Коњановски.
 
Предмет на Програмата која се носи секоја година, се сите активности,
проекти и манифестации што ќе се реализираат во текот на 2026 година, а
кои се од витален интерес за културниот развој на Општина Битола.
 
Освен традиционалните настани, фестивали и манифестации како што се
„Илинденските денови“, фестивалот „Браќа Манаки“, „Битфест“, „Битола
отворен град“, „Белата Ноќ“, а и најголемиот зимски фестивал „Зимската
приказна“ и други кои ја имаат поддршката од Општината, и во оваа
програма акцентот е ставен и на институциите и здруженијата на граѓани
од поновата историја, а кои веќе се препознатлив културен белег на
градот, кои истовремено ја афирмираат Битола и на домашен и на
меѓународен план, како од возрасните, така и од младите уметници.
 
На тркалезната маса свои обраќања имаа првите луѓе на неколку институции
и организации кои се дел од програмата, како што е Камерниот оркестар на
Битола, потоа Битолскиот оркестар Дива од каде најавија нови проекти,
тука беше и Дувачкиот оркестар, потоа организаторот МКЦ на „Битола
отворен град“, Националните установи Битолски народен театар, Центарот
за култура и Културниот и информативен центар.
 
Сите тие се заблагодарија на поддршката што ја добиваат од Општина
Битола, но и од меѓусебната соработка.
Општина Битола е транспаретна општина и на својата интернет страница
веќе ја има објавено програмата за поддршка на настаните од областа на
културата.
 
Општина Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани