2win800x200

Електронски систем на гласање воведува Советот на Општина Битола

Јануари 28, 2026

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СО ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ НА ГЛАСАЊЕ

 
Советот на Општина Битола утре ќе ја одржи 5-та редовна седница на која како што беше најавено ќе започне примената на електронскиот систем на гласање и на пленарните седници. Со ова како што вели претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, Советот на Општина Битола е прв пример со електронско гласање од општините во Македонија.
 
„Системот за електронско гласање е целосно изработен од вработените во ИТ одделението на Општина Битола, без ангажман на надворешни фирми и со 0 денари дополнителен трошок, односно нема никакви финансиски импликации кон буџетот на Општина Битола. Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“ вели Бојкоски.
 
Советниците седницата ќе ја започнат со расправата по точката, односно одлуката за формирање на комисија за селекција на кандидати кои пројавиле интерес за членови во управните одбори и надзорните одбори за материјално - финансиско работење во јавните претпријатија основани од Општина Битола.
На дневен ред ќе се најде и одлуката за прифаќање и давање на трајно користење на движна ствар-патничко моторно возило за потребите на ЈОУ Зоолошка градина Битола, како и други одлуки во делот на надлежностите на Советот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани