2win800x200

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола демантира дека тројца советници немало да гласаат на утрешната седница на Совет

Јануари 28, 2026

ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола демантира дека тројца советници утре немало да гласаат на седницата на Совет. Соопштението ви го пренесуваме интегрално. - Довербата на граѓаните, иднината на градот и неговото функционирање не можат да се водат со популизам, политиканство и исклучиво лични суетни пресметки. 

 
Иднината се обезбедува со решителни чекори и безрезервна одлучност, визија и храброст.
Најважно, во клучните моменти да се носат вистинските, некогаш и непопуларни одлуки. 
 
Категорично ги демантираме лажните наводи дека тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата контактирале било кого со најава дека нема да присуствуваат или гласаат на утрешната седница.
 
Наводите дека „тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ најавиле недоаѓање или негласање“ се целосна лага и груба манипулација со јавноста.
Денес, на Комисијата за финансии, присуствуваа СИТЕ советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата факт што јасно ги побива измислените приказни.
 
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапува единствено институционално, транспарентно и одговорно. Одлуките се носат по анализа, со јасни аргументи и во интерес на граѓаните, а не преку заткулисни договори, уцени и сценарија за напуштање на седници.
 
Обидите за префрлање вина и етикетирање со флоскули не можат да ја сокријат суштината:
јавните претпријатија со години работат со нереални цени, без корекција од 1994 година, а одговорното управување подразбира решенија, а не политички театар.
 
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволат манипулации со јавноста и ќе продолжат да носат одлуки со цел стабилни јавни претпријатија и подобри услуги за граѓаните. 
Нашето сојузништво продолжува.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани