
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Своевидно координативно тело ќе ја води општинската организација на СДСМ и вечерва не се избра вршител на должност. Во Битола дојде генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитриевиќ и се сретна со дел од функционерите на ОО на СДСМ Битола. Неофицијално дознаваме дека наместо вршител на должност до изборот на претседател со општинската ќе раководи тело составено од членот на ИО Драган Крајовски, од членовите на Централниот одбор- Зоран Стојчевски, Елизабета Ивановска, Методија Илиевски и Андреј Стојановски, советниците на СДСМ во Советот на Општина Битола- Софија Ристевска-Петрушева, Петар Николовски, Александар Дракуловски и Јадранка Павловска, координаторите на 8 реони, членови на други високи партиски тела. Наши извори велат дека Димитриевиќ постапил сосема исправно и статутарно што не поддржал ОО на СДСМ Битола да ја води времен раководител по оставката на Методија Куновски, туку одговорноста да ја сносат сите актуелни партиски функционери на локално и централно ниво, па дел и од делегатите на Конгресот. Инаку генералниот секретар на социјалните мрежи објави за средбата во Битола иако не даде конкретни информации. -Од Битола, заедно со најактивните членови, се обраќам до вас – смирено, јасно и одговорно.

