2win800x200

Наше дете - Стефан Ѓоргиевски е повеќекратен мотокрос шампион на Македонија за 2025

Февруари 02, 2026

Стефан Ѓорѓиевски – повеќекратен мотокрос шампион на Македонија за 2025 година

Младиот и талентиран мотокросист Стефан Ѓорѓиевски од Битола ја заокружи 2025 година со уште еден голем успех, освојувајќи ја титулата шампион на Македонија во мотокрос, во MX 85 класата. Со извонредни настапи, сигурно возење и постојана форма во текот на сезоната, Стефан уште еднаш потврди дека е меѓу најперспективните млади спортисти во земјава.IMG 57e1512e291c9eae29408313b2f2cabf V
Ѓорѓиевски е ученик во ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, VIII-2 одделение, и успешно ги усогласува училишните обврски со спортската кариера. Неговата посветеност, дисциплина и љубов кон мотокросот резултираа со низа победи и подиуми, со што го заслужи признанието шампион и гордост на Битола и Македонија. IMG 3d78317a72d8921858b984680004c69f V
Успехот на Стефан Ѓорѓиевски претставува мотив и инспирација за многу млади спортисти, а неговата иднина во мотокросот ветува уште поголеми достигнувања  
И покрај големите успеси, Стефан Ѓорѓиевски досега настапува без спонзорска поддршка и својата спортска кариера ја гради со сопствени средства, при што во иднина се надева на соодветна поддршка која би придонела за негов понатамошен развој IMG ccf51b8b83f2da9755d7ab4738e903a0 V
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани