2win800x200

Цапари-Ловечка, предлог локација за гондола на Пелистер

Февруари 03, 2026

Денес со експертите од Франција и Андора во пресрет на утрешната јавна расправа во општина Битола, детално на терен ја разгледувавме опцијата за гондола на Пелистер во насока на изработка на квалитетна физибилити студија,  објави Националниот парк Пелистер. Извидувањето на терен започна во 6:00 часот наутро од Лоша стена над Цапари, преку Инфоцентар, па се до Ловечка, врв Пелистер и Козји камен. За едно сме согласни: заштитата на природата и развојот на туризмот на Пелистер се процеси кои мора да се развиваат паралелно со цел да се постигни совршен баланс. Цапари - Ловечка како предлог локација од страна на ЈУ НП Пелистер, останува најсериозна опција за која треба да се размислува и дискутира. Деталите од извидувањето на терен ќе ги презентираат експертите, објави НП Пелистер 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани