Денеска во Битола презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини, што ја организираше Битолската зоолошка градина со експрети од ова објаст, а која има за цел остварување на неколку цели кои пак ќе не усогласат и со директивите на Европската унија. 
Стратегијата е изработена со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, а направена врз основа на длабинска анализа на зоолошките градини во Битола и Скопје.
Општина Битола на вториот повик на Владата аплицираше и беше одобрен проектот преку министерството за култура и туризам за изградба на објект на Терариум и објект на Копитари.
Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.
Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање на современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители.
Како Општина продолжуваме да вложуваме и да се грижиме за зоолошката градина.
