СИНПЕКС Битола е компанија која го поддржува спортот во градот.
Синоќа, на манифестацијата „Избор на спортист на годината“, во организација на Сојузот на спортови на Битола, СИНПЕКС доби признание за компанија која континуирано го поддржува спортот.
Наградата ја врачи Ѓуро Илиќ на Христина Фуна - косопственик и финансиски директор на Синпекс.

"Ова признание не е само благодарница.
Тоа е потврда дека инвестицијата во спортот е инвестиција во дисциплина, карактер и иднина.
Во време кога многумина зборуваат за поддршка, ние одлучивме да бидеме дел од системот што создава резултати, на терен, во сала, на големи шампионати и на патеките на кои се трча.
Спортот не е трошок.
Спортот е стратегија.
Честитки до сите спортисти, тренери и клубови кои ја прават Битола град со спортска енергија.
Ние ќе продолжиме да бидеме таму каде што се создаваат победници", објави Христина Фуна
