ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „СТРЕЛИШТЕ“
Започнаа градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во битолската населба „Стрелишта“ кое ќе има кошаркарско и ракометно игралиште според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска беа на локацијата каде што започнаа градежните работи.
Ракометното игралиште ( мал фудбал) ќе биде со димнензии 40 на 20 метри, а кошаркарското игралиште со димензии 30 на 15 метри.
Освен тоа ќе има и мини атлетста патека во рамките на фудбалското игралиште и патека за пристап до игралиштата од бехатон плочки.
Ќе се изврши целосно отстранување на посточекиот асфалт, а ќе биде поставен нов асфалт со еластична подлога од тартан.
Околу спортските терени ќе биде заменета постоечката ограда со нова метална транспарентна, висока 4 метри.
Вредноста на овој проект е 26.470.435 денари, а средствата се од министерството за спорт, кои Општина Битола ги доби од вториот владин повик.