2win800x200

"Хачико" со демант - Лага е дека исто куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола

Март 08, 2026

Соопштение од "Хачико"- Лага е дека истото куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола 

 
Во врска со немилиот настан од петок, 06.03.2026 година, кога беше каснато малолетно лице, во јавноста се појавија невистинити информации дека станува збор за истото куче кое каснало пред еден месец.
Сакаме јасно да потенцираме дека за овој настан постојат сведоци – семејството на детето, кои го посочија кучето инволвирано во случајот.
Апелираме до јавноста и до поединци на социјалните мрежи да не шират непроверени и неточни информации. Дезинформациите создаваат непотребна паника и можат да предизвикаат штета и за луѓето и за животните.
Да бидеме одговорни и да се водиме од факти, а не од шпекулации.
 
Со почит,
Тимот на Хачико
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани