Петар Богојески лидер на Македонски Концепт го стокми новиот Општински комитет во Битола.
Општинскиот комитет на Македонски Концепт (ОК на МК) во Битола со ново раководство. За координатор е избран Марјан Неделкоски, приватен стопанственик.
Заменик координатор е избрана д-р Јасмина Димитровска Босилкова, доаѓа од банкарски сектор.
Илија Митревски, долгогодишен активист и еден од основачите на партијата Македински Концепт е избран за секретар на ОК Битола.
Тој е техничар за транспорт и шпедиција.
На координативниот состанок присуствуваше и претседателот на партијата д-р Петар Богојески, универзитетски професор и политички активист. Во неговото излагање го истакна значењето на Битола за македонството и визијата на Македонски Концепт за општината и генерално за преспанско - пелагонискиот крај. Координаторот Неделкоски истакна нескрена мотивиранист за локален настап и развој на партиската структура во градот и околните општини. Заменик координаторот Босилкова во своето излагање изнесе дел од локалната програма за економски и институционален развој на Битола и грижа за огромното иселување на населението, особено младите лица.
Политичката партија Македонски Концепт, која е дел од владината коалиција Твоја Македонија и на последните локални избори беше дел од партиите кои дадоа поддршка за избор на актуелната локална самоуправа во Битола, започна со реизбор на партиските тела низ цела држава. Тие најавија и критичен однос кон слабостите кои е неопходно да се надминат, со цел да не се повтори разочарување на граѓаните во политиките на управување со општината и државата, се вели во соопштението од Македонски концепт