2win800x200

Белинда Сипкоска-Гаштарова ја објави својата прва книга "Помеѓу мразот, огнот и срцето"

Март 20, 2026

Битолската поетеса Белинда Сипкоска - Гаштарова ја издаде својата прва книга "Помеѓу мразот, огнот и срцето". Средствата собрани  од продажбата на книгата ќе бидат донирани за лекување на децата од Кочани. Авторката раскажува -Долго време во мене тлееше желбата да објавам книга, но не рекле за џабе дека сѐ се случува тогаш кога ќе му дојде вистинското време. За мене вистинското време беше времето после патувањето на Исланд. 

Фактот што се впуштив надвор од познатиот удобен живот и се ставив на место во кое нема ништо од вообичаеното, ми овозможи одново да се родам и одново да творам.
 
Во таа земја на мраз и оган, на тишина и силна енергија, во мене се отвори поетски циклус кој што стана иницијална каписла за оваа книга. Токму од тој прв циклус започна идејата за „Помеѓу мразот, огнот и срцето“. Оваа книга за мене е еден вид созревање – поетско и човечко. Таа е место каде што се среќаваат љубовта, женскиот идентитет, прашањата без брзи одговори и вербата дека секој од нас во себе носи свој таен град, во кој стиховите го наоѓаат својот дом", изјави Сипкоска-Гаштарова за Апла.      FB IMG 1774040996714                    
 
Белинда Сипкоска Гаштарова е родена 1970 година во Битола. И во осмолетка и во средно беше омилена ученичка на професорите по македонски Катерина, Блага и Олга. По струка е дипломиран инженер биолог, со специјализација од областа на микробиологијата. Работи на струката. Среќна мајка на една Ана. Го обожува петокот, денот кога најмногу пишува. Освен што пишува, многу чита, многу патува, пее во поп-рок хор и сака барем уште еднаш во животот да оди на Исланд. Нејзиното животно мото е: „Дај ми хоризонт, ќе ти дадам насмевка.“ Нејзините песни, кратки раскази и бајки наградувани се на домашни и меѓународни конкурси и објавувани се во многу антологии. FB IMG 1774040977797 На промоцијата во Битола поезијата ја читаше Лина Трампевска. Водител на промоцијата: Анета Христова. Промотори: проф. Елизабета Јончиќ и проф. Билјана Котевска Димко. Рецезент: Ана Кондоклоцис FB IMG 1774040983517
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани