И стоматолошките услуги за децата со невроразличност отсега достапни во Битола!, објави Клиничка болница Битола.
„Кога рековме дека достоинството на нашите деца ни е приоритет, не застанавме само на зборови. Денес со голема радост објавуваме дека го решивме и вториот голем проблем со кој со години се соочуваа родителите на децата со невроразличност.
•КРАЈ НА ПАТУВАЊАТА ВО СКОПЈЕ И ЗА СТОМАТОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ!
Здравјето на забите кај децата со невроразличност често бара специфичен пристап и интервенција под анестезија , услуга која досега беше причина за исцрпувачки патувања до клиниките во Скопје. Повеќе не!
•Заеднички успех за нашите мали херои

•Преку меѓуинституционална соработка, ги здружуваме силите за доброто на нашите сограѓани:
•Стоматолог од ЈЗУ Здравствен дом - Битола;
•Искусен анестезиолошки тим од Клиничка болница - Битола;
•Функционална опрема во нашата болница
•Ова значи дека сите потребни стоматолошки интервенции кои бараат посебни услови, отсега ќе се извршуваат тука, во Битола. Без стрес од долги релации, без дополнителни трошоци и со максимална грижа во позната средина.
•Ветуваме – Остваруваме!
•Овој чекор е потврда за нашата посветеност да ги отстраниме сите бариери со кои се соочуваат семејствата на децата со невроразличност. Во пресрет на месецот на аутизмот, покажуваме дека Битола станува град на грижа, емпатија и врвна медицина достапна за сите.
•Вашиот мир и здравјето на вашите деца се наш мотив. Продолжуваме да градиме систем кој ве пречекува со сигурност дома!, објавија од Клиничка болница Битола