2win800x200

Жанета Ристевска избрана за претседавач на битолскиот Совет за превенција на детско престапништво

Април 07, 2026

За нов претседавач на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола е избрана Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола.

За заменик претседавач избран е Митко Бошевски од адвокатската комора, додека за секретар избрана е Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола.

 

 

Новото раководство на Советот на конститутивна седница усвои Деловник за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.

Советот го разгледа и усвои Деловникот за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.
Дополнително, беше разгледан и усвоен извештајот за реализираните активности во изминатиот период, при што беа нотирани постигнатите резултати, но и предизвиците со кои се соочуваат институциите во областа на превенцијата на детското престапништво.
Посебен акцент беше ставен на утврдување на приоритетите и дефинирање на конкретни мерки и активности во рамките на Програмата за превенција на детско престапништво за 2026 година. Во таа насока, Советот ќе се фокусира на рана идентификација на ризици, работа со деца и млади во ризик, поддршка на семејствата, како и зајакнување на превентивните механизми преку образовниот и социјалниот систем.
Беше донесена одлука за формирање на работни групи кои ќе работат на конкретни области, со цел поефикасна имплементација на мерките и постигнување на одржливи резултати.
Членовите на Советот ја потенцираа потребата од засилена меѓуинституционална соработка, вклучување на граѓанскиот сектор и континуирана комуникација со јавноста, со цел создавање интегриран и координиран пристап во превенцијата.
Општинскиот совет испраќа јасна порака дека превенцијата на детското престапништво е заедничка одговорност и бара навремено делување, координација и континуирана посветеност од сите релевантни институции и чинители во заедницата.
Општина Битола останува цврсто посветена на создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за сите деца и млади, преку развој и спроведување на проактивни политики и мерки засновани на соработка, превенција и рана интервенција.
 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани