2win800x200

Амбасадорката на Норвешка во посета на Битола

Април 22, 2026

 

 
Битола - Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом во придружба на Дритон Кучи, Амбасадор на Македонија во Норвешка.
 
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи што, во изминативе неколку децении меѓу двете земји се засноваат на традиционално пријателство и конструктивно партнерство.
 
Беа разменети мислења за начините на соработка меѓу двете земји, за универзитската соработка, а градоначалникот на Битола ја запозна амбасадорката со личната карта на Битола и потенцијалните можности за соработка во повеќе полиња.
 
Амбасадорката Мелсом преку амбасадата во Белград, Србија е надлежна за регионот, вклучително и за Македонија.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани