
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОЈО Битола за АПЛА потврдува дека го проверува случајот со малолетникот од ОУ„Стив Наумов“ Битола за кој родители тврдат дека има се заканувал на нивните деца како соученици.
Вознемиреноста ја предизвикала објава на „ТикТок“ во која седмоодделенецот напишал: „Ќе ги посетам за брзо, 18 мај“.
Од ОЈО Битола потврдуваат -
„До Основното јавно обвинителство Битола е доставена пријава, се вршат проверки на наводите во соработка со Центарот за социјални работи, бидејќи пријавеното дете е под возраста за кривична одговорност“, стои во одговорот до АПЛА.
Родители на ученици од ОУ„Стив Наумов“ Битола во вторникот со пријава до ОЈО Битола опишуваат ситуации на односување на малолетникот во училиштето и кон нивните деца како сооученици.
Пишуваат дека се обратиле до МОН и Државниот просветен инспекторат но не добиле повратен одговор ниту пак нешто било преземено од надлежните институции.
Вчера директорот на ОУ „Стив Наумов“ Битола, Никола Пискачев, соопшти дека Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува по истиот“, соопшти Пискачев.
