2win800x200

По 7 години затвор за бомбашите кои лани оштетија автомобили и објекти на ул.„Охридска“ во Битола, дознава АПЛА

Мај 13, 2026

По 7 години затвор за бомбашите кои лани оштетија автомобили и објекти на  ул.„Охридска" во Битола

Основниот суд Битола им пресудил на бомбашите кои лани летото фрлија рачна бомба на улицата „Охридска“ во Битола и оштетија објекти и автомобили. Оштетени беа седум возила - „бмв”, „фолксваген”, „тојота”, „киа”, „рено” „матиз” и „тико”, сите со битолски регистарски ознаки. Имаше и оштетувања на прозорци и врати од околните куќи.

АПЛА дознава дека од вкупно четворица обвинети во оваа бомбашка акција, двајца добиле казни затвори од по 7 години, еден бил казнет на 2 и пол години затвор, додека четвртиот бил условно осуден.  

Бомбашите одговараа за кривичното дело - Тешки дела против општата сигурност.

За фрлањето на рачна бомба М-75 на улицата „Охридска“ во Битола,  настан кој се случи на 12 јули 2025, според истрагата беа опфатени четири лица, од нив тројца добиле ефективна затворска казна, додека едно лице добило условна казна.  Во овој случај, четвртото лице се наоѓа во бегство за него е одредена мерка притвор и објавена меѓународна потерница.

 

АПЛА веќе објави дека уште лани во септември, постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули 2025, кога рачна бомба експлодираше на улицата „Охридска” во централното градско подрачје на Битола, јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари.

Од тие причини, имајќи предвид дека станува збор за поголема имотна штета, Основното јавно обвинителство Битола изврши итна преквалификација на делото во потешко кривично дело.

„Против четворицата осомничени кои претходно се гонеа за предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик, сега е отворена истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството со прибраните докази ги утврди својствата на секој од осомничените, така што еден се товари за поттикнување, додека другите за дејствија на соизвршителство и помагање“, објави тогаш ОЈО Битола.

Според ОЈО Битола со прибраниот доказен материјал, утврдено е кој од осомничените ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75 која на граѓаните им е забранета, па против него беше отворена истрага и за – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со ставовите 1 и 5 од Кривичниот законик.

Заради сите овие околности и фактот што против осомничените се водеше истрага ОЈО Битола до судијата на претходна постапка достави предлог со кој мерката притвор од 8 дена определена на 20 септември им ја замени со 30-дневен притвор.

По настанот, тројца од осомничените беа лишени од слобода, додека четвртиот не беше достапен на органите на прогонот од моментот на извршувањето на делото.

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани