
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„До Аллах не стигнува ниту нивното месо ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата богобојазливост.“ (Сура Ел-Хаџ, ајет 37)
Почитувани верници, браќа и сестри,
Со чувства на длабока вера, благодарност и надеж во неизмерната милост на Семоќниот Аллах, ја дочекуваме и ја прославуваме големата празнична радост – Курбан Бајрам. Овој благословен празник нè потсетува на највозвишените вредности на нашата вера: искрената жртва, побожноста, солидарноста и грижата за ближните. Преку принесувањето на курбанот и неговото споделување со сиромашните, соседите и блиските, ги зацврстуваме врските на љубовта, милоста и братството меѓу луѓето.
Од благословената долина Арафат — местото на примање на молитвите и искреното покајание — каде денес милиони верници од целиот свет се обединети во молитва и ибадет, ви ги упатувам најтоплите и најискрените честитки. Во овие возвишени моменти, додека заедно со нашите аџии го извршуваме обредот на Хаџот во светите места, упатуваме постојани молитви за мир, здравје, хармонија, благосостојба и бериќет во секое семејство.
Нека Курбан Бајрам биде празник на добрината, меѓусебното приближување, простувањето и љубовта меѓу луѓето. Аллах да им го прими Хаџот на сите аџии, да ги прими курбаните, молитвите и сите ибадети од овие благословени денови! Во мое лично име, од светите места, како и во име на Муфтиството на ИВЗ – Битола, од срце ви посакувам: Честит и бериќетен Курбан Бајрам! Аллах нека донесе мир, среќа и благосостојба во нашите домови

