2win800x200

Промовирана книгата „Приказните од Широк Сокак“ од авторот Зоран Ѓоргиев

Јуни 21, 2026
Синоќа љубители на пишаниот збор, историјата и Битола присуствуваа на промоцијата на книгата „Приказните од Широк Сокак“ од авторот Зоран Ѓоргиев.
Настанот помина во пријатна атмосфера, исполнета со спомени, разговори и емоции поврзани со минатото на градот. Присутните имаа можност да се запознаат со содржината на книгата, која преку автентични приказни, личности и објекти го оживува духот на една од најпознатите битолски улици.
Авторот упати искрена благодарност до сите посетители, поддржувачи, пријатели, соработници и љубители на Битола кои со своето присуство ја збогатија промоцијата.
„Вашата поддршка е поттик да продолжам да ги истражувам и запишувам приказните кои се дел од колективната меморија на нашиот град. Битола има уште многу нераскажани приказни кои заслужуваат да бидат сочувани за идните генерации. Тоа што ќе го оставиме, само тоа ќе остане после нас“, истакна Ѓоргиев.
Книгата „Приказните од Широк Сокак“ претставува своевидно патување низ минатото на Битола, низ судбините на луѓето, старите куќи, дуќани и настани кои оставиле траен белег во градската историја.
Промоцијата уште еднаш покажа дека интересот за битолското културно и историско наследство е голем, а ваквите изданија претставуваат значаен придонес во неговото зачувување и афирмација.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани