Во Битола завршна конференција на проектот „Спорт без бариери“

Јуни 26, 2026
Битола град на спортот! Денеска во Офицерскиот дом во Битола завршна конференција на проектот Спорт без бариери - современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт! Фото АПЛА.мк
Проектот „Никој зад“ е со цел е да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот, поддршка на одржлива спортска политика, како и обезбедување секторска соработка за подигање на свеста за придонесот што спортот може да го даде.
Координатор на проектот е Центарот за активни млади - Битола во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија.
Преку овој проект за спорт без бариери се реализираа обуки насочени кон вклучување на деца со помалку можности, обука за тренери и истите беа насочени кон создавање можности за размена на најдобри практики, градење компетенции и поттикнување на иновативни идеи во врска со мерките за инклузија.
Во рамките на проектот изработен е Прирачникот кој ќе биде како ресурс за идни тренери и спортски организации.
Организаторот на настанот истакна дека преку него сакаат да понудат лесно достапни рекреативни активности за деца и лица со попреченост, активности што ги охрабруваат да бидат активни и што внесуваат повеќе спорт и вежбање во нивното слободно време и дневна рутина. Целта е да се создаде трајно позитивно влијание врз заедниците и земјите каде што ќе се одвива проектот, со демонстрирање на колективна солидарност, емпатија и поддршка за луѓето што живеат таму.
Проектот ќе придонесе за развој на социјално инклузивен свет, со фер распределба на ресурсите и правата.
Градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање ги спомна и јавните повици кои ги има објавено Општина Битола за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.
Преку програмата за спорт беше објавен јавен повик за поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат и деца од ранливи категории.
Врз основа на Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година, Општина Битола објави и јавен повик за ангажирање на консултант за изработка на Студија за состојбите, трендовите и потребите на лицата со попреченост и аутистичен спектар во Општина Битола.
Исто така и повик за обука на лични асистенти и негователи, како и за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попречености и за поддршка на лица со ретки болести.
Објавен беше и јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола за поддршка на проекти за млади за 2026 година.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани