АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола утрово се измерени 6 степени, а во текот на денот температурата ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје, Берово и Крива Паланка 12 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид 9, Битола 11, Кавадарци 14, Дојран 16 степени.
Прогнозата за утре е облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневните температури ќе бидат во опаѓање: Скопје 6, Охрид 7, Маврово и Берово 4, Битола 7, Крива Паланка 5, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.